This content is private or does not exist.

-

INFO
Rock postavka 4 - 0... Rock postavka 4 - 0... Rock postavka 4 - 0... Rock postavka 4 - 0... Rock postavka 4 - 0...

Изложба од Архитектонската работилница 1: Нови содржини за старата скопска чаршија Работилницата беше организирана со студенти од Архитектонскиот факултет при УКИМ во периодот од 4.2. до 8.2.2019 година. Секој од тимовите требаше да избере една од следните теми како предмет на нивната задача: трансформација на јавен простор во чаршијата; трансформација на полујавен простор во чаршијата; проектирање повеќенаменски паркинг-простор во чаршијата или во нејзината контактна зона; планирање нов зелен простор во чаршијата: елиминирање архитектонски бариери во чаршијата. Задачата ги опфаќаше следните фази: избор на просторот за интервенција во заштитеното јадро на чаршијата или во нејзината контактна зона; снимање и анализа на постојната состојба; анкетирање на сопствениците/корисниците на избраниот простор во врска со нивните потреби и идеи за негова трансформација, и идеи за негова трансформација.

Интерактивна мапа на Старата скопска чаршија – систем на „отворени податоци“ За да се реализира идејата за овозможување достапни и отворени податоци, нешто што беше идентификувано дека недостасува во практиката, потребно беше да се спроведе сеопфатно истражување за собирање податоци во текот на целиот втор дел од 2018 година. Со тоа се овозможи пристап до отворени податоци за сите важни информации и документи од различни извори и инстанци што се занимаваат со заштита на културното наследство, урбанистичкото планирање и катастарот. За таа цел, направени се дигитална платформа на отворени податоци

ПОСТОЈАНА ИЗЛОЖБА ЗА СТАРАТА СКОПСКА ЧАРШИЈА & „ИНТЕРАКТИВНА МАПА ЗА СТАРАТА СКОПСКА ЧАРШИЈА" временски период на поставеност 15 мај 2019 - 30 .септември 2020 Постојана изложба за Старата скопска чаршија Постојаната изложба за Старата скопска чаршија прикажува документи што им овозможуваат на заинтересираните граѓани на едно место да добијат релевантни информации за различни аспекти поврзани со просторот и градбите во чаршијата. Изложбата опфаќа: - Приказ на заштитно-конзерваторските основи, со граница на споменичката целина, граница на деталниот урбанистички план, граница на катастарските парцели на заштитените добра и објектите и просторите што се под прв и втор степен на заштита; - Инвентаризација на постојниот градежен фонд и вкупната физичка супраструктура со степенот на неговата зачуваност; - Инвентаризација на катноста на објектите; - Приказ на поединечните споменици на културата со информации што опфаќаат и податоци за нивната сопственост, актуелниот корисник, состојбата и постојната функција на објектите; - Приказ на јавните простори – улици и плоштади и приказ на полујавните простори и - Приказ на постојното зеленило. Посебно значаен дел на изложбата претставува приказот на одделните блокови во состав на чаршијата, со податоци од катастарот на недвижности за секоја катастарска парцела во блокот.

ИЗЛОЖБА ′′ НОВИ СОДРЖИНИ ЗА СТАРАТА СКОПСКА ЧАРШИЈА ′′ временски период на поставеност од 15 април до 10 јуни 2019

    Please rotate the device into landscape mode and insert into your VR headset.